Псалми 119:99-105 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

99. Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.

100. Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби.

101. Воздржи ги моите нозе од лошиот пат, за да го запазам Твојот збор.

102. Не отстапувам од Твоите судови, зашто Ти ме поучи.

103. Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста.

104. Станувам разумен според Твоите повелби зашто ги мразам сите лажни патишта.

105. НУН. Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.

Псалми 119