Псалми 119:94-99 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

94. Твој сум, спаси ме; зашто јас ги барам Твоите наредби.

95. Грешниците дебнат за да ме погубат, но јас внимавам на Твоите сведоштва.

96. Му ја гледам границата на секое совршенство, а Твојата заповед нема граница.

97. МЕМ. О, колку го љубам Твојот Закон, по цел ден размислувам за него.

98. Твојата заповед ме направи помудар од моите непријатели, зашто таа е вечно со мене.

99. Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.

Псалми 119