75. Знам, о Господи, дека Твоите судови се праведни, и според верноста Твоја Ти ме измачи.
76. Твојата љубов нека ми биде тешителка, според ветувањето што му го даде на Твојот слуга.
77. Нека дојде врз мене Твојата милост, и јас ќе живеам, зашто Твојот Закон е моја наслада.
78. Нека се збунат гордите, зашто ме угнетуваат за ништо, а јас ќе размислувам за Твоите наредби.
79. Нека се обратат кон мене оние кои се бојат од Тебе, и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80. Нека моето срце биде совршено во Твоите повелби, за да не бидам засрамен.