Псалми 119:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. О, кога би биле цврсти моите патишта, за да ги чувам Твоите правила!

6. Не ќе се засрамам тогаш, кога ќе внимавам на сите Твои заповеди.

7. Ќе Те славам во чесноста на срцето, кога ќе ги научам пресудите на Твојата правда.

8. Ќе ги чувам Твоите повелби: не ме оставај никогаш!

9. БЕТ. Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? чувајќи ги Твоите зборови.

10. Те барам Тебе со целото свое срце; не оставај да скршнам настрана од Твоите заповеди.

11. Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе.

12. Благословен си, о Господи, научи ме на Своите повелби.

Псалми 119