Псалми 119:45-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

45. Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.

46. Ќе зборувам за Твоите прописи пред царевите и нема да се збунам.

47. Мојата наслада е во Твоите заповеди, зашто ги љубам.

48. Јас ги подигам рацете кон Твоите заповеди, зашто ги љубам и размислувам за Твоите повелби.

49. ЗАИН. Спомни си за Твоето слово кон Твојот слуга, со кое ми даде надеж.

50. Во неволја Твојот збор ми е сета утеха, тој ми е живот.

51. Гордите ме напаѓаат жестоко; но јас не отстапувам од Твојот Закон.

52. Се сеќавам, о Господи, за Твоите дамнешни пресуди и тоа ме утешува.

Псалми 119