Псалми 119:31-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!

32. Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето.

33. ХЕ. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај.

34. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце.

35. Упати ме по патеката на Твоите заповеди, зашто јас се насладувам во неа.

36. Приклони ми го срцето кон Твоите прописи, а не кон среброљубие!

37. Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата, чувај ми го животот на Твојот пат!

38. Исполни ги ветувањата на Твојот слуга, што им ги даде на оние кои се бојат од Тебе!

39. Отстрани го срамот, од кој се плашам, зашто се благи Твоите пресуди.

40. Еве, копнеам по Твоите наредби: поживи ме со Твојата правда.

41. ВАВ. О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување.

42. Ќе им одговорам на оние што ме исмеваат, зашто се надевам на Твоето слово.

Псалми 119