Псалми 119:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. ДАЛЕТ. Мојата душа лежи во прав: врати ми го животот според Твојот збор.

26. Ти ги кажував сите свои патишта и Ти ме чу: ме научи на Твоите заповеди.

27. Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса.

28. Мојата душа рони солзи од тага, подигни ме според Твојот збор!

29. Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон.

30. Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки.

31. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!

32. Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето.

33. ХЕ. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај.

34. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце.

Псалми 119