Псалми 119:19-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Јас сум придојденик на земјата, не ги криј од мене Твоите заповеди!

20. Душата ми се истоштува во секое време, копнеејќи за Твоите одлуки.

21. Ти им се закани на гордите, проклети да се оние, што отстапуваат од Твоите заповеди.

22. Оддалечи ги од мене: презрението и срамот, зашто јас ги чувам Твоите сведоштва.

23. Кнезовите се состануваат и зборуваат против мене, Твојот слуга ќе размислува за Твоите заповеди.

24. Зашто Твоите сведоштва се моја наслада, Твоите повелби се мои советници.

25. ДАЛЕТ. Мојата душа лежи во прав: врати ми го животот според Твојот збор.

26. Ти ги кажував сите свои патишта и Ти ме чу: ме научи на Твоите заповеди.

27. Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса.

28. Мојата душа рони солзи од тага, подигни ме според Твојот збор!

29. Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон.

30. Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки.

31. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!

32. Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето.

33. ХЕ. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај.

34. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце.

Псалми 119