156. Голема е, Господи, Твојата милост: поживи ме според Твоите одлуки.
157. Мнозина ме гонат и угнетуваат, јас не отстапувам од Твоите прописи.
158. Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.
159. Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.
160. Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.
161. ШИН. Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови.
162. Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.
163. Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.