153. РЕШ. Погледај на мојата неволја, избави ме, зашто не го заборавам Твојот Закон.
154. Брани ја мојата парница и откупи ме, поживи ме според Твоето ветување.
155. Спасението е далеку од грешниците, зашто не се грижат за Твоите повелби.
156. Голема е, Господи, Твојата милост: поживи ме според Твоите одлуки.
157. Мнозина ме гонат и угнетуваат, јас не отстапувам од Твоите прописи.
158. Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.
159. Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.
160. Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.
161. ШИН. Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови.
162. Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.
163. Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.
164. Те прославувам Тебе седумпати дневно, заради Твоите праведни судови.
165. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.