132. Сврти се кон мене и биди ми милостив, како на оние, кои го љубат Твоето име.
133. Управувај ги моите чекори, за да не завладее со мене никакво беззаконие.
134. Избави ме од човечкото насилство, и ќе ги чувам Твоите наредби.
135. Со Твоето лице осветли го Твојот слуга, и научи ме на Твоите повелби!
136. Потоци солзи потекоа од моите очи, зашто не се запазува Твојот Закон.
137. ЦАДЕ. Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.
138. Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.