131. Ја отворам мојата уста и воздивнувам, зашто копнеам за Твоите заповеди.
132. Сврти се кон мене и биди ми милостив, како на оние, кои го љубат Твоето име.
133. Управувај ги моите чекори, за да не завладее со мене никакво беззаконие.
134. Избави ме од човечкото насилство, и ќе ги чувам Твоите наредби.
135. Со Твоето лице осветли го Твојот слуга, и научи ме на Твоите повелби!
136. Потоци солзи потекоа од моите очи, зашто не се запазува Твојот Закон.
137. ЦАДЕ. Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.
138. Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.
139. Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.
140. Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.
141. Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.
142. Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.
143. Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.
144. Вечна е правдата на Твоето сведоштво, вразуми ме, и ќе живеам.
145. КОФ. Викам, од сето срце, Господи, послушај ме: ќе ги пазам Твоите повелби.
146. Кон Тебе викам, спаси ме, ќе се држам за Твоите сведоштва.
147. Ја престигнав зората и се молам за помош, се надевам на Твоите зборови.
148. Моите очи ги престигнуваат ноќните стражи, за да размислувам за Твојата беседа.