Псалми 119:125-134 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

125. Јас сум Твој слуга, вразуми ме, за да ги запознаам Твоите сведоштва.

126. О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.

127. Затоа ги љубам Твоите заповеди, повеќе од злато, од пречистено злато.

128. Затоа ги почитувам сите Твои наредби, во секое нешто, омразени ми се сите лажни патишта.

129. ПЕ. Прекрасни се Твоите сведоштва, затоа мојата душа ги пази.

130. Објаснувањето на Твоите зборови просветлува, ги вразумува простодушните.

131. Ја отворам мојата уста и воздивнувам, зашто копнеам за Твоите заповеди.

132. Сврти се кон мене и биди ми милостив, како на оние, кои го љубат Твоето име.

133. Управувај ги моите чекори, за да не завладее со мене никакво беззаконие.

134. Избави ме од човечкото насилство, и ќе ги чувам Твоите наредби.

Псалми 119