Псалми 119:109-114 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

109. Мојот живот е во постојана гибел, но јас не го заборавам Твојот Закон.

110. Грешниците ми поставија стапица, но не се отклонувам од Твоите наредби.

111. Твоите сведоштва ми се вечно наследство, тие се радост во моето срце.

112. Го приклонив срцето, за да ги врши Твоите повелби, секогаш и до крај.

113. САМЕХ. Јас ги мразам неодлучните, а го љубам Твојот Закон.

114. Ти Си мој штит и мое засолниште, Јас се надевам на Твоето слово.

Псалми 119