Псалми 118:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Отворете ми ги ширум вратите на правдата, ќе влезам, ќе Му благодарам на Господа!

20. Ова се Господовите врати, праведниците влегуваат низ нив!

21. Ќе Ти благодарам што ме послуша и стана мој спасител.

22. Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана крајаголен камен.

23. Тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи!

24. Ова е денот што Господ Го направи да Му воскликнуваме и да Му се радуваме Нему!

25. О Господи, дај ни спасение! Господи дај ни среќа!

26. Благословен, кој доаѓа во Господово име, ве благословуваме од Господовиот дом.

27. Господ е Бог, Тој ни дава светлина; врзете ја жртвата со јаже за роговите на жртвеникот.

28. Ти си мој Бог - Тебе Ти благодарам: Боже мој - јас Те возвишувам Тебе.

29. Благодарете Му на Господа, зашто е благ зашто е вечна Неговата милост!

Псалми 118