Псалми 118:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Благодарете Му на Господа, зашто е благ, зашто е вечна Неговата милост!

2. Нека рече Израелевиот дом: „Вечна е Неговата милост!”

3. Нека рече Ароновиот дом: „Вечна е Неговата милост!”

4. Нека речат сите што се бојат од Господа: „Вечна е Неговата милост!”

5. Го повикав Господа во тешкотија: Господ ме услиши и ме ослободи.

Псалми 118