1. Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница.
2. Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.
3. Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.
4. Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.
5. Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет.
6. Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.