Псалми 109:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Боже, моја славо, не молчи!

2. Безбожничка и измамлива уста се отвори против мене, зборува со лажлив јазик,

3. ме опкружува со зборови на омраза, ме напаѓа без причини.

4. Тие ме оптужуваат за мојата љубов, а јас само се молам.

5. Ми враќаат зло за добро, омраза за мојата љубов.

6. Крени го безбожникот против него и тужителот нека му застане оддесно!

7. Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата да му се земе за грев!

8. Неговите денови нека бидат малубројни, неговата служба нека ја добие друг!

9. Неговите деца нека останат сираци, а неговата жена вдовица!

10. Неговите деца нека бидат скитници, просјаци, нека бидат исфрлени од опустени домови!

11. Заемодавачот нека му го присвои сиот имот, туѓинците нека го разграбаат плодот на неговата мака!

12. Никој нека нема сомилост кон него, никој да не им се смилува на неговите сираци!

Псалми 109