Псалми 109:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Боже, моја славо, не молчи!

2. Безбожничка и измамлива уста се отвори против мене, зборува со лажлив јазик,

3. ме опкружува со зборови на омраза, ме напаѓа без причини.

4. Тие ме оптужуваат за мојата љубов, а јас само се молам.

5. Ми враќаат зло за добро, омраза за мојата љубов.

6. Крени го безбожникот против него и тужителот нека му застане оддесно!

7. Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата да му се земе за грев!

8. Неговите денови нека бидат малубројни, неговата служба нека ја добие друг!

9. Неговите деца нека останат сираци, а неговата жена вдовица!

10. Неговите деца нека бидат скитници, просјаци, нека бидат исфрлени од опустени домови!

Псалми 109