Псалми 108:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата,

4. зашто Твојата добрина е повисока од небото, Твојата вистина е до облаците.

5. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата Слава нека е над целата земја!

6. За да се избават Твоите возљубени, спаси со Својата десница, и услиши ме!

7. Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го разделам Сихем, воскликнувајќи, ќе ја измерам долината Сокхот.

8. Мој е Галад, Мој и Манасиј, Ефрем Ми е кацига, Јудеја - Мое жезло!

9. Моав Ми е мијалник, Мојата обувка ќе ја фрлам врз Едом, ќе ја славам победата над Филистејците!”

10. Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?

Псалми 108