Псалми 106:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но Тој ги избави заради Своето Име, за да ја покажеш Својата сила.

9. Му заповеда на Црвеното Море и тоа пресуши, ги преведе меѓу брановите како низ пустина.

10. Ги избави од рацете на нивните мразители, ги ослободи од рацете на душманите.

11. И водите ги покрија нивните непријатели, не остана ниеден од нив.

12. Тогаш поверуваа на Неговите зборови и Му пееја пофалби.

13. Но речиси ги заборавија Неговите дела, не се надеваа на Неговата волја.

14. Се полакомија многу во пустината, Го искушуваа Бога во осаменост.

15. И им даде што бараа, но им испрати треска во нивните души.

16. Му завидеа тогаш на Мојсеја, во логорот, на Арона, Господовиот светија.

17. Земјата се отвори и го голтна Датана, и ја покри Авироновата дружина.

18. Оган падна врз сета негова дружба и пламенот ги изгоре злотворите.

19. Направија теле во Хорив, му се поклонуваа на лик излеан од злато.

Псалми 106