Псалми 106:42-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Непријателите ги измачуваа и ги угнетуваа со својата рака.

43. Ги избавуваше пречесто, ама Го разјарија со своите совети: беа покосени заради своите беззаконија.

44. Тој погледна пак на нивната неволја, кога ги чу нивните молитви

45. и се сети за Својот Завет со нив, се сожали на нив во Својата голема милост.

46. Направи да најдат милост кај оние, што ги пленија.

47. Спаси нè, Господи, наш Боже, и собери нè од безбожните народи, за да Го славиме Твоето свето Име, за да се фалиме со Твојата Слава.

Псалми 106