Псалми 106:41-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Ги предаде во рацете на многубошците, и нивните мразители управуваа над нив.

42. Непријателите ги измачуваа и ги угнетуваа со својата рака.

43. Ги избавуваше пречесто, ама Го разјарија со своите совети: беа покосени заради своите беззаконија.

44. Тој погледна пак на нивната неволја, кога ги чу нивните молитви

45. и се сети за Својот Завет со нив, се сожали на нив во Својата голема милост.

46. Направи да најдат милост кај оние, што ги пленија.

47. Спаси нè, Господи, наш Боже, и собери нè од безбожните народи, за да Го славиме Твоето свето Име, за да се фалиме со Твојата Слава.

48. Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, одвека довека! И сиот народ нека рече: „Амин! Алилуја!”

Псалми 106