Псалми 106:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Спомни си за мене, Господи, според добрината кон Својот народ, посети ме со Своето спасение,

5. за да ја уживам среќата на Твоите избраници, за да се радувам со радоста на Твојот народ, за да се фалам со Твоето наследство.

6. Згрешивме како нашите татковци, правевме беззаконија, работевме безбожно.

7. Нашите татковци во Египет, незагрижени за Твоите чудеса, не си спомнуваа за Твојата голема милост, туку се побунија крај морето, крај Црвеното Море.

8. Но Тој ги избави заради Своето Име, за да ја покажеш Својата сила.

9. Му заповеда на Црвеното Море и тоа пресуши, ги преведе меѓу брановите како низ пустина.

10. Ги избави од рацете на нивните мразители, ги ослободи од рацете на душманите.

11. И водите ги покрија нивните непријатели, не остана ниеден од нив.

12. Тогаш поверуваа на Неговите зборови и Му пееја пофалби.

13. Но речиси ги заборавија Неговите дела, не се надеваа на Неговата волја.

14. Се полакомија многу во пустината, Го искушуваа Бога во осаменост.

Псалми 106