Псалми 106:28-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Му се посветија на Валфегора и јадоа жртви за мртвите.

29. Го предизвикаа со своите зли дела, и Тој фрли на нив помор.

30. Но стана Финес, и Го умилостиви, и поморот го снема тогаш.

31. Тоа му се засмета за заслуга, во сите поколенија довека.

32. Го разгневија пак кај Меривските Води, и зло го погоди Мојсеја заради нив,

33. зашто му го огорчија духот, изусти невнимателен збор.

34. И не ги истребија народите, за кои Господ им беше наредил.

Псалми 106