Псалми 106:24-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Ја презреа тие пожелуваната земја, не верувајќи Му на Неговото слово.

25. Роптаа под своите шатори, не го послушаа Господовиот глас.

26. Се заколна тогаш со крената рака: ќе ги покоси сите во пустината,

27. ќе го распрсне нивното поколение меѓу народите, ќе ги растури нив по земјата.

28. Му се посветија на Валфегора и јадоа жртви за мртвите.

29. Го предизвикаа со своите зли дела, и Тој фрли на нив помор.

30. Но стана Финес, и Го умилостиви, и поморот го снема тогаш.

31. Тоа му се засмета за заслуга, во сите поколенија довека.

32. Го разгневија пак кај Меривските Води, и зло го погоди Мојсеја заради нив,

33. зашто му го огорчија духот, изусти невнимателен збор.

34. И не ги истребија народите, за кои Господ им беше наредил.

35. Се измешаа со многубошците, ги научија нивните дела;

36. ги почитуваа нивните ликови, што им станаа стапица.

37. Им ги жртвуваа своите синови и своите ќерки на демоните.

Псалми 106