19. Направија теле во Хорив, му се поклонуваа на лик излеан од злато.
20. Ја заменија својата Слава со лик на бик, што јаде трева.
21. Го заборавија Бога, Спасителот свој; во Египет, правејќи знаци
22. и чудеса во Хамовата Земја, и стравотии при Црвеното Море.
23. Веќе намисли да ги сотре, но Мојсеј, Неговиот избраник, се зазеде за нив, за да Му го одврати гневот и да не ги уништи.
24. Ја презреа тие пожелуваната земја, не верувајќи Му на Неговото слово.