Псалми 106:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е благ! Зашто е вечна Неговата милост!

2. Кој може да ги искаже Господовите моќни дела? Кој ли ќе Му ги разгласи сите Негови пофалби?

3. Блажени се оние, кои ги држат Неговите наредби и кои прават правда во секое време!

4. Спомни си за мене, Господи, според добрината кон Својот народ, посети ме со Своето спасение,

Псалми 106