Псалми 105:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!

6. Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!

7. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!

8. Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:

9. за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.

10. Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,

11. зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”

Псалми 105