37. Ги изведе со сребро и злато; во нивните племиња немаше болни.
38. Египет се зарадува на нивното заминување, зашто го опфати страв од нив.
39. Го распростре облакот како покрив, и оган да свети во ноќта.
40. Замолија, и доведе препелици, со небески леб ги нахрани тогаш.
41. Ја расцепи карпата, и вода извираше, потече како река низ пустината.
42. Тогаш се сети за Своето ветување, што му го даде на Својот слуга Авраам.
43. Го изведе Својот народ со воскликнување и со веселба Своите избрани.
44. И им ја даде многубожечката земја, го наследија трудот на народите,
45. за да ги чуваат Неговите повелби и да ги пазат Неговите закони. Алилуја!