22. Да ги врзува кнезовите по своја волја, и да ги учи неговите старци на мудрост.
23. Тогаш Израел влезе во Египет, Јаков се пресели во Хамовата Земја.
24. Го умножи многу Својот народ, го направи посилен од непријателите.
25. Им го сврти срцето за да го замразат Неговиот народ, за да бидат лукави кон Неговите слуги.
26. Го испрати Мојсеја, Својот слуга, Арона, кого го одбра.
27. Ги правеа Неговите знаци меѓу нив и чудеса во Хамовата Земја.
28. Испрати темнина, и се смрачи, но тие не се противеа на Неговите зборови.
29. Им ги претвори водите во крв и ги помори нивните риби.
30. Заврвеа жаби низ нивната земја, проникнаа и во царските соби.
31. Рече: и рој муви долета, и комарци во сите нивни краишта.
32. Место дожд им даде град, огнени секавици во нивната земја.