2. Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса!
3. Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
4. Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице!
5. Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!
6. Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!
7. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!
8. Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:
9. за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.
10. Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,
11. зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”
12. Кога уште беа малку на број, многу малку, и кога беа придојденици во неа,
13. одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.