Псалми 105:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”

12. Кога уште беа малку на број, многу малку, и кога беа придојденици во неа,

13. одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.

14. Но не остави никого да ги угнетува, ги казнуваше царевите заради нив:

15. „Не гибајте ги Моите помазаници, не нанесувајте им зло на Моите пророци!”

16. И Тој го повика гладот на земјата, ги уништи сите житници за леб.

17. Испрати човек пред нив: Јосиф беше продаден во ропство.

18. Ги врзаа со окови неговите нозе, вратот му го ставија во железо.

Псалми 105