Псалми 105:1-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите!

2. Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса!

3. Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!

4. Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице!

5. Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!

6. Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!

7. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!

8. Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:

9. за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.

10. Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,

11. зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”

12. Кога уште беа малку на број, многу малку, и кога беа придојденици во неа,

13. одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.

14. Но не остави никого да ги угнетува, ги казнуваше царевите заради нив:

15. „Не гибајте ги Моите помазаници, не нанесувајте им зло на Моите пророци!”

16. И Тој го повика гладот на земјата, ги уништи сите житници за леб.

17. Испрати човек пред нив: Јосиф беше продаден во ропство.

Псалми 105