Псалми 104:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.

16. Господовите дрва се наситија со храна, ливанските кедри, што Тој ги посади.

17. Таму се гнездат птиците, а елките се живеалиште на штркот.

18. Високите планини им даваат засолниште на дивите кози, а пештерите на јазовците.

19. Ти ја создаде месечината, за да ги означува времињата, и сонцето знае каде треба да зајде.

Псалми 104