5. Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.
6. Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,
7. на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.
8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.
9. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.
10. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.
11. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.
12. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.
13. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.