Псалми 103:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.

12. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.

13. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

14. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.

15. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;

16. штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни.

17. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите,

18. над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.

19. Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сè.

20. Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!

21. Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!

22. Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!

Псалми 103