Псалми 102:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Секојдневно ме укоруваат моите непријатели, тие што беснеат на мене, проколнуваат со моето име.

9. Јадам пепел како леб, а својот пијалак го мешам со солзи,

10. заради Твојата лутина и гневот, зашто ме воздигна и ме фрли.

11. Моите денови се како издолжена сенка, а јас, ете, се сушам како трева.

12. А Ти, о Господи, остануваш довека, и Твоето име низ сите родови.

13. Стани, смилувај му се на Сион: Време е да му се смилуваш, сега е часот!

14. Зашто мили им се неговите камења на твоите слуги, ги жалат неговите урнатини.

15. Тогаш, Господи, многубошците ќе се бојат од Твоето име, и сите цареви на земјата од Твојата слава.

Псалми 102