Псалми 102:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Сличен сум на несит во пустина, станав како буф во пуста урнатина.

7. Лишен сум од сон, како осамено врапче на покривот.

8. Секојдневно ме укоруваат моите непријатели, тие што беснеат на мене, проколнуваат со моето име.

9. Јадам пепел како леб, а својот пијалак го мешам со солзи,

10. заради Твојата лутина и гневот, зашто ме воздигна и ме фрли.

11. Моите денови се како издолжена сенка, а јас, ете, се сушам како трева.

12. А Ти, о Господи, остануваш довека, и Твоето име низ сите родови.

13. Стани, смилувај му се на Сион: Време е да му се смилуваш, сега е часот!

14. Зашто мили им се неговите камења на твоите слуги, ги жалат неговите урнатини.

15. Тогаш, Господи, многубошците ќе се бојат од Твоето име, и сите цареви на земјата од Твојата слава.

Псалми 102