Псалми 102:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Реков: „Мој Боже, не ме земај во средина на моите дни! Твоите години остануваат низ сите поколенија.

25. Во почетокот ја основа земјата и небото е дело на Твоите раце.

26. Тие ќе исчезнат, а Ти ќе останеш, сè ќе остарее како облеката. Ги менуваш како облеките, и ги снемува.

27. Ти си секогаш ист - нема крај на Твоите години.

28. Децата на Твоите слуги ќе живеат во мир, и нивното потомство ќе трае пред Тебе.”

Псалми 102