Псалми 102:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Не го криј Твоето лице од мене, во денот на мојата неволја! Наведни го Твоето уво кон мене: во денот кога ќе Те повикам, послушај ме бргу!

3. Зашто моите денови исчезнуваат како дим, а моите коски горат како оган.

4. Моето срце се суши како косена трева и заборавам да го јадам мојот леб.

5. Од моите силни офкања, моите коски се долепија до мојата кожа.

Псалми 102