Псалми 102:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Молитва на страдалник, кога тој тажи и ја излива својата тага пред Господа. Господи, послушај ја мојата молитва, и мојот повик нека стигне до Тебе!

2. Не го криј Твоето лице од мене, во денот на мојата неволја! Наведни го Твоето уво кон мене: во денот кога ќе Те повикам, послушај ме бргу!

3. Зашто моите денови исчезнуваат како дим, а моите коски горат како оган.

Псалми 102