Псалми 101:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Не ќе оставам, пред моите очи, ништо подмолно. Мразам човек кој прави зло: тој не ќе биде покрај мене.

4. Развратно срце ќе биде далеку од мене; не сакам да знам за ништо нечесно.

5. Кој го клевети скришно својот ближен, него ќе го погубам. Човек со горди очи и со надуено срце јас не трпам.

6. Погледот го свртувам кон верните на земјата, за да живеат со мене. Кој оди по прав пат, тој ќе ми служи.

7. Не ќе живее во мојот дом, кој постапува подмолно. Кој зборува лага, нема да остане пред моите очи.

8. Секој ден ќе ги сотирам сите злосторници во земјата; ќе ги истребам од Господовиот Град, сите што прават беззаконие.

Псалми 101