Псалми 10:7-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел.

8. Седи во заседа, покрај оградите во селата, потајно го убива невиниот, со очите го демне бедниот.

9. Седи во засолниште, како лав во пештера, демне да го ограби сиромашниот и да го вовлече во својата мрежа.

10. Се притајува, прилегнува, и беспомошните паѓаат под неговата сила.

11. Во своето срце вели: „Бог заборави, го крие Своето лице и нема да види никого.”

12. Стани, Господи Боже, крени ја Својата рака! Не заборавај ги бедните!

13. Зошто безбожникот Го презира Бога? Тој вели во своето срце: „Нема да води истрага.”

14. Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето.

Псалми 10