Псалми 1:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:

3. Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.

4. Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.

5. Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.

6. Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.

Псалми 1