Псалми 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;

2. туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:

3. Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.

4. Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.

Псалми 1