5. Кој ги пази заповедите, не познава лоши работи, и срцето на мудрецот знае за времето и за судот.
6. Зашто постои време и суд за сите, а злото тешко го измачува човекот.
7. Зашто тој не знае што ќе биде; а кој може да му каже кога што ќе биде?
8. Никој не може да го совлада духот, за да го задржи духот, ниту има власт над смртниот ден, во тоа војување нема одлагање; ниту нечесноста го избавува оној што ја прави.
9. Го видов сè ова и внимавав со моето срце на секое дело што се прави под сонцето, кога човек владее над човек за негова несреќа.