Проповедник 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој е како мудрецот? Кој уште знае да ги толкува работите? Мудроста му го разведрува лицето на човекот и го менува неговиот суров лик.

2. Затоа велам: слушај ја царската повелба заради Божјата заклетва.

3. Не брзај да си заминеш од присуството негово, и не биди тврдоглав кога причината не е добра, зашто тој прави како што му одговара.

4. Зашто во царскиот збор е силата, и кој смее да го праша: „Што правиш?”

Проповедник 8