Проповедник 7:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба.

5. Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните.

6. Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета.

7. Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето.

8. Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста.

Проповедник 7