Проповедник 7:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Сè тоа го испитав со мудроста. Мислев дека сум мудар но мудроста ми беше несфатлива.

24. Она што е, далеку е и длабоко, толку длабоко - кој може да го најде.

25. И уште еднаш се обидов да ги истражам и да ги разберам мудроста и разумот, да ја сознаам нечесноста како и глупоста, а лудоста како безумие.

26. Открив дека има нешто погорчливо од смртта - жената, чие срце е примка и мрежа, а рацете окови; кој Му е мил на Бога, ја избегнува, а грешникот ќе биде уловен од неа.

27. Ете, тоа сè го открив во сè, вели Проповедникот.

28. И уште барав. Но без успех. Најдов маж - еден меѓу илјада, а не најдов ниедна жена меѓу сите.

Проповедник 7